Дома Фудбал Англија Гвардиола се огласи за клаузулата во неговиот договор

Гвардиола се огласи за клаузулата во неговиот договор

Англиските медиуми утрово лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека Пеп Гвардиола има клаузула во договорот со Манчестер Сити.

Наводно со таа клаузула шпанскиот стратег би можел да се ослободи од Сити на крајот на сезоната, а медиумите тврдат дека Гвардиола има интенција да ја искористи клаузулата.

Поранешниот тренер на Барселона и Баерн има договор до јуни 2021 година, но во ниту еден од двата тима не останува повеќе од 4 години – граница што ќе биде постигната во 2020 година.

Медиумите на Островот тврдат дека Гвардиола би можел да земе една година одмор или да се пресели на клупата на Јувентус.

Меѓутоа, самиот Гвардиола веднаш се огласи и категорично ги демантираше написите на медиумите.

„Ќе бидам краток. Тоа што беше напишано, не е вистина. Ќе ве потсетам дека пред само една недела порачав која е мојата интенција со Сити, сакам да останам во овој клуб“, изјави Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Невидена ситуација до сега: Бараат место во Ла Лига зошто им заминал најдобриот стрелец

Екипата на Реал Сарагоса испрати скоро неверојатно барање до Фудбалскиот сојуз на Шпанија.…