Дома Фудбал Англија Гвардиола се жали: Немавме пари за напаѓач, тоа може да не чини титули

Гвардиола се жали: Немавме пари за напаѓач, тоа може да не чини титули

Манчестер Сити е клуб кој троши многу пари, но некогаш и „граѓаните“ не можат нешто да си дозволат.

Пеп Гвардиола ги изненади навивачите со изјавата дека Манчестер Сити немал доволно пари да купи напаѓач на нивото на Агуеро и Хесус и како што потенцираше тоа би можело да ги чини титули.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Сакавме да купиме напаѓач, но не можевме да си го дозволиме. Таква беше реалноста. Не можевме да доведеме напаѓач на нивото на Агуеро и Хесус и тоа може да не чини титули. Не дека не сакавме, не можевме да си дозволиме. Таква беше ситуацијата и тоа е тоа“, изјави Гвардиола.

Ќе потсетиме Агуеро се повреди ќе биде надвор од терените две недели, а од претходно повреда лекува и Габриел Хесус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Со Реал Мадрид освои 17 трофеи, ПСЖ го отпиша, сега се сели во Интер?

Летниот трансфер период носи многу промени, а се чини дека Марко Асенсио наскоро ќе го про…