Meнаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола ги отфрли најавите дека размислува да одмори од фудбалот.
Англиските медиуми пренесуваат дека Пеп Гвардиола би можел да земе одмор една година доколку неговиот тим ја освои Лигата на шампионите наредната сезона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Не. Не планирам такво нешто. Млад сум и имам желба да се занимавам со оваа работа. Вести секојдневно се пишуваат и многу од нив не се точни. Доколку управата на клубот не ме избрка јас ќе останам“, изјави Пе за новинарите.
Интересно е што при оваа изјава Гвардиола не спомна ништо за Јувентус со кој се поврзува подолго време и тој заедно со Сари важат како фаворити за клупата на „старата дама“.
Доби прашање за Лигата на шампионите.
„Сите сакаат да ја освојат Лигата на шампионите бидејќи тоа е најпрестижниот трофеј кој се добива на крајот од сезоната. Важно е да не се откажуваме и да се бориме до крај“, одговори Каталонецот.
На крајот доби и прашање за трансферот на Еден Азар во Реал Мадрид.
„Реал Мадрид цело време купува играчи, но само Манчестер Сити троши пари“, иронично искоментира Гвардиола.