Дома Фудбал Англија Гвардиола по ремито со Брајтон: Игравме само 48 часа откако го испивме целиот алкохол во Манчестер

Гвардиола по ремито со Брајтон: Игравме само 48 часа откако го испивме целиот алкохол во Манчестер

Манчестер Сити вчера одигра реми против Брајтон (1:1), но овој резултат не ги загрижува многу „граѓаните“ бидејќи веќе ја освоија шампионската титула.

По натпреварот Гвардиола зборуваше за славјето во Манчестер кое го гледа како причина за ова реми, но не заборави да има честита на противниците за пласманот во Лигата на Европа.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Ова беше посебен натпревар. Честитки до Брајтон за промоцијата во Лигата на Европа. Натпреварот го игравме само 48 часа откако го испивме целиот алкохол во Манчестер и покажавме зошто сме шампиони. Не забележав пад во нашиот интезитет и идеја. Противникот создаде шанси, но создадвоме и ние“, изјави Гвардиола.

Со ова реми заврши и низата на Манчестер Сити од 12 победи во серија, сепак сигурно брзо ќе биде заборавено.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …