Дома Трансфер зона Гвардиола носи големо засилување од Италија

Гвардиола носи големо засилување од Италија

Српскиот репрезентативец и член на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ се наоѓа пред трансфер во Премиер лигата, пренесуваат италијанските медиуми.

Сергеј оваа сезона блеска во дресот на Лацио и го привлече вниманието на многу европски гиганти, па најверојатно на крајот на сезоната ќе ја промени средината.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Италијанските медиуми тврдат дека скаути на Манчестер Сити биле синоќа на натпреварот против Болоња за да го следат Србинот и останале воодушевени од неговите перформанси.

Познато е дека „граѓаните“ не штедат пари кога Пеп Гвардиола сака да доведе некој игач, па спремаат богата понуда уште во јануари бидејќи Милинковиќ-Савиќ може да настапува во Лигата на шампиони.

Покрај Сити, силен интерес за играчот за врска покажуваат уште Манчестер Јунајтед, Јувентус, Интер и Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Си замина од Интер поради ПСЖ, а сега не е среќен и може да се врати во Серија А?

Поранешниот капитен на Интер, Милан Шкрињар, не сакаше да го продолжи договорот со нероазу…