Дома Фудбал Англија Гвардиола му се извини на Џерард: Срам ми е, тоа беше глупаво и непотребно

Гвардиола му се извини на Џерард: Срам ми е, тоа беше глупаво и непотребно

Tренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изјави со изјавата од пред неколку дена.

Бурни реакции имаше во Премиер лигата откако беше отворена постапка против Манчестер Сити поради потенцијални малверзации во последните години. Наведено беше дека се прекршени дури 115 финансиски правила, а Пеп Гвардиола во тие моменти го спомна и Стивен Џерард.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Постојат добри и лоши моменти кои не можат да се променат. Голот на Агуеро…Не знам дали ние сме виновни што Џерард се лизна? Дали тоа беше наша грешка? Го почитувам, но тој момент ни припаѓа нас“, изјави тогаш Гвардиола.

По таа изјава Шпанецот се најде на мета на критики на јавноста, па денес се извини.

„Му се извинувам на Џерард поради моите непотребни и глупави коментари. Тој знае колку му се восхитувам, како и на неговата кариера и се што направи за оваа земја. Срам ми е поради самиот себе, тоа тој не го заслужува“, порача Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Премиер лигата ќе воведе полуавтоматски офсајд

Англиската Премиер лига од следната сезона ќе има уште една новина која е поврзана со упот…