Дома Фудбал Гвардиола: Луѓето сакаат Халанд да не успее

Гвардиола: Луѓето сакаат Халанд да не успее

Манчестер Сити победи со 3:1 кај Јанг Бојс во Берн во третото коло од Лигата на шампионите.

Европскиот и англискиот шампион поведоа преку Мануел Аканџи во 48. минута, а четири минути подоцна израмни Мешак Елија.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Натпреварот го реши Ерлинг Халанд, кој погоди од пенал во 67. за ново водство на Сити. Норвешкиот центарфор во 86. минута погоди за конечни 3:1.

Тоа беа први голови за Халанд во Лигата на шампионите оваа сезона, а вкупно 11-ти гол во 13-от настап сезонава во сите натпреварувања за тимот на Пеп Гвардиола.

Шпанскиот стручњак по натпреварот изјави: „Луѓето очекуваат од него да постигнува четири гола на секој натпревар. Луѓето сакаат тој да не успее“.

“Жал ми е. Тој ќе дава голови цел живот, тој е неверојатна опасност. Важно е што создава шанси. Тој веќе постигна многу голови во Премиер лигата, повеќе од луѓето кои добиваат многу комплименти“.

Манчестер Сити е лидер во групата од Лигата на шампионите и е на чекор до осминафиналето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Стерлинг во проблеми: Потпиша за Фјенорд, но не може ниту да тренира!

Англискиот фудбалер Рахим Стерлинг го изненади фудбалскиот свет со одлуката кариерата да ј…