Манчестер Сити следните два првенствени натпревари ќе ги игра без Пеп Гвардиола.
Познатиот шпански стручњак одлучи проблемот со болниот грб да го реши со операција и тоа го направи вчера во Барселона.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Таму ќе остане кратко за да се опорави. Тимот на европскиот и англискиот шампион за време на опоравувањето на Гвардиола ќе го предводи неговиот помошник Хуанма Лиљо.
Сити, со две победи без примен гол ја започна одбраната на титулата во Премиер лигата.
На стартот од првенството го победија Барнли со 3:0 на гости, а потоа го победија Њукасл со 1:0.
Во 3. коло во недела гостува кај Шефилд, а во 4. гостува кај Фулам.