Дома Фудбал Англија Гвардиола: Глупост е дека сме најдобар тим во светот

Гвардиола: Глупост е дека сме најдобар тим во светот

Maнаџерот на Манчестер Сити Пеп Гвардиола смета дека глупост се тврдењата дека го води најдобриот тим во светот.

Сити во средата славеше против Брентфорд со 2:0 и така дојде до плус 12 во однос на Ливерпул кој е второпласиран. Многумина веќе гледаат на Сити како на нов шампион, но Гвардиола не се сложува со тоа.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Обично не фалат и зборуваат дека сме најдобриот тим во светот, тоа се глупости. Тоа може да ги збуни играчите, за среќа тие се нормални досега. Ние не сме најдобар тим на светот“, порача Гвардиола кој додаде и дека е импресиониран од своите фудбалери.

Во сабота Сити го чека натпревар против Норвич, потоа против Спортинг во Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

ПСЖ не се шегува: Може бесплатно да добие големо засилување од Барселона!

Во среда ПСЖ извојува победа во Лигата на шампионите против фаворизираната Барселона (2:1)…