Дома Фудбал Англија Гвардиола: Габриел Жесус е како лубеница!

Гвардиола: Габриел Жесус е како лубеница!

Габриел Жесус со голема репутација пристигна од Палмеирас за сума од 27 милиони фунти, но Гвардиола смета дека неговото купување е исто како да купуваш лубеница.

19-годишниот Бразилец синоќа за прв пат беше стартер за „граѓаните“ и одигра одлично запишувајќи асистенција и гол.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Никогаш не знаете. Тоа е како лубеница. Треба да ја отворите за да знаете дали е добра или не. Изгледа добро, млад е, но има силен менталитет“, изјави Пеп.

Габриел Жесус е борец со инстикт за гол и знае да асистира. Против Кристал Палас имаше фантастична асистенција, против Вест Хем исто. Тој има соништа кои сака да ги оствари во кариерата, сака да стане нешто во светскиот фудбал и ние ќе се обидеме да го извадиме тоа од него“, додаде каталонскиот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Teр Штеген заминува: Го избрал и новиот клуб?!

Марк-Андре Тер Штеген наскоро би можел да биде нов голман на Жирона! Според каталонскиот н…