Дома Фудбал Италија Гатузо: Нов договор? Сакам да се чувствувам слободен

Гатузо: Нов договор? Сакам да се чувствувам слободен

Тренерот на Наполи Џенаро Гатуз, до крајот на годината, ќе го продолжи договорот со клубот, објави „Газета дело Спорт“.

Договорот на Гатузо со Наполи истекува на крајот од сезоната, а 42-годишниот тренер веќе започнал преговори со раководството на Наполи.

Меѓутоа, преговорите не течат добро бидејќи Гатузо не сака во договорот да има клаузули.

„Претседателот сака со клаузули да ги заштити двете страни. Но, тешко ми е тоа да го прифатам, старомоден сум и сакам да бидам слободен со цел да можам континуирано да работам. Меѓутоа, тука се чувствувам одлично и го сакам овој тим. Постои проблем, бидејќи всушност не верувам во договори. Ако еден ден екипата со мене престане да дава добри резултати, ќе си ги спакувам работите и ќе си одам“, порача Гатузо.

„Ако претседателот ми рече да потпишам шестмесечен договор, веднаш ќе го потпишам. Сакам да се чувствувам слободно“, додаде Гатузо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Проблем за Милан, се повреди еден од најсигуруните во одбраната

Mилан вчера после пресврт славеше против Селтик во Лига Европа и така го обезбеди пласмано…