Дома Фудбал Италија Гасперини со Аталанта верува и во напад на Скудетото

Гасперини со Аталанта верува и во напад на Скудетото

Аталанта денес со 7:2 славеше на гостувањето кај Лече во рамките од 26. коло во Серија А.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тренерот Гасперини после натпреварот сосема очекувано беше презадоволен.

„Горди сме што не застанавме кога примивме два гола. На 2:2 можевме да ја изгубиме контролата, но тоа не се случи се вративме и продолживме да ја играме нашата игра. Создадовме многу шанси. Кога ќе одиграте ваков натпревар расте вашата самодоверба. Лече сезонава ремизираше со Јувентус и Интер. Имаме предност на четвртото место и се надеваме дека ќе го задржиме“.

Најави и оптимистичен напад на Скудеото.

„Ние освојуваме околу 70 бодови, за Скудето потребни се околу 90, но ако секоја година го подигаме нивото и станува по констатни не гледам зошто не би се обиделе“,  изјави Гасперини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Неверојатно: Имал 20.000 следбеници пред СП, а сега има 28 милиони

Светското првенство може да изнесе херои и да ги промени кариерите преку ноќ, што токму му…