Иако никој не очекуваше Кристиано Роналдо ова лето го напушти Реал Мадрид и заврши во редовите на Јувентус, сега актуелна е една нова сага, а во центарот на вниамнието е најдобриот играч од последниот Мундијал – Лука Модриќ.
Пред неколку дена во медиумите во Италија сензационално се појави веста дека Интер сериозно размислува за ангажман на играчот за врска.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Потоа следувааше изјава од Флорентино Перез во која првиот човек на „кралевите“ тврди дека Модриќ може да замине само доколку некој клуб ја плати неговата откупна клазула, односно 750 милиони евра.
Сепак и покрај тоа во Италија посебно во Милано веруваат во чудо, а голем оптимизам и влева и денешното издание на „Газета дело Спорт“.
Имено, реномираниот медиум пишува дека Модриќ нешто слично како и Роналдо има усмен договор со Перез. Според, „Газета“ Модриќ може во Интер затоа што Флорентино Перез му дал верување дека може да го напушти клубот, ако Реал ја освои 13-та титула во Лигата на шампионите, што и се случи.
Доколку ваквото откритие на италијанскиот медиум се покаже како точно, не би било чудо Перез и Модриќ на состанокот кој е закажан за идната недела да постигнат договор за спогодбена разделба.