Дома Трансфер зона „Газета“ открива за кој клуб ќе потпишел Буфон ако не се врател во Јувентус

„Газета“ открива за кој клуб ќе потпишел Буфон ако не се врател во Јувентус

Искусниот италијански голман Џанлуиџи Буфон се врати во Јувентус и потпиша договор на една година.

Буфон минатото лето го напушти Јувентус откако му истече договорот. Легендарниот чувар на мрежата не ја заврши кариерата и потпиша за Пари Сен Жермен. Со ПСЖ Буфон потпиша едногодишен договор со опција истиот да биде продолжен за уште една. Сепак, таа опција не беше искористена од страна на ПСЖ.

Кога никој не очекуваше Јувентус испрати понуда која Буфон не можел да ја одбие.

Буфон после потписот порача дека едноставно тоа е неговиот дом и дека повикот од клубот за кој сте бранеле 17 години не може да се одбие.

Италијанските медиуми утрово објавија интересна информација. „Газета дело Спорт“ тврди дека Буфон имал понуда од Барселона која сериозно ја разгледувал.

Каталонскиот клуб му понудил можност да биде резервен голма во наредната сезона и Буфон немал ништо против тоа. Но, кога во Јувентус виделе дека Буфон навистина ќе го напушти Париз одлучиле да му го понудат истото.

Во клубот како што пишуваат Италијанците биле сигурни дека Џиџи ќе избере да се врати во Торино пред преселба во Каталонија.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Дембеле веќе бара нов клуб, Челзи прв застанал во редот?

Свесен е Осман Дембеле дека за него нема да има место во Барселона во сезоната која следи.…