Дома Трансфер зона „Газета“ не носи добри вести за Реал: Една од нивните најголемите желби потпишува нов договор?

„Газета“ не носи добри вести за Реал: Една од нивните најголемите желби потпишува нов договор?

Неговото име се наоѓа на врвот на листата желби на „кралевите“.

Како што пренесува „Газета дело Спорт“, Еден Азар ќе потпише продолжување на соработката со Челзи.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Белгиецот блеска оваа сезона во дресот на „сините“ кои се во врвот на Премиер лигата од стартот на сезоната, имаат 20 бодови, колку што имаат Манчестер Сити и Ливерпул.

Неодамна самиот фудбалер изјави дека негов сон е да заигра за мадритски Реал и дека еден ден би сакал да го облече дресот на овој клуб, што ги подгреа најавите за овој трансфер, но според најавите на реномираниот медиум репрезентативецот на Белгија ќе остане во Лондон уште некое време.

Наводно, Челзи му спремил договор вреден 18 милиони евра годишно, што се претпоставвува дека ќе биде доволно за Азар да стави потпис.

https://www.youtube.com/watch?v=aVERh3FSWl8

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…