Лоренцо Инсиње е еден од најдобрите крилни напаѓачи во Европа, притоа е „симбол“ на Наполи.
Инсиње, кој е дете на Наполи, во минатото имаше богати понуди од многу европски гиганти, но сепак одлучи да остане во својот матичен клуб.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Сега сопственикот на Наполи, Аурелио де Лаурентис откри дека има усен договор со неговиот менаџер Мино Раиола да го продаде за „симболична“ сума.
„Тој има симболична откупна клаузула. Мино Раиола и јас одлучивме дека ќе го продадеме ако добиеме понуда од 200 милиони евра. Тоа не е писмен договор, туку вербален. 200 милиони евра, се надевам дека е јасно“, изјави Де Лаурентис.
27-годишниот Италијанец неодамна го продолжи договорот со Наполи до 2022 година.