Дома Фудбал Италија Вчера заврши неверојатна низа на Јувентус која траеше 560 денови

Вчера заврши неверојатна низа на Јувентус која траеше 560 денови

За прв пат од 3-ти март 2018 година Јувентус е симнат од првото место во италијанската Серија А.

„Старата дама“ дури 560 денови помина на првото место, но после ремито во Фиренца Јувентус му дозволи на Интер со победата над Удинезе во 3-тото коо да избие на првото место со максимални девет бодови.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Јувентус на 3-ти март 2018 година го победи Лацио, додека Наполи кој тогаш беше предводен од Сари изгуби од Рома. Од тој момент Јувентус се до вчера не ја испушти првата позиција.

Беше тоа поход на седмата титула во низа, а „бјанконерите“ оваа сезона и понатаму се главен фаворит за Скудетото, меѓутоа Интер со Конте изгледа многу посериозно.

Секако, не треба да се отпише и Наполи на Елиф Елмас кој вчера триумфираше против Сампдорија. Ќе потсетиме, Наполи во минатото коло изгуби од Јувентус со 4:3 во натпревар во кој Кулибали си постигна несреќен автогол во судиското продолжение.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ливерпул има нов фаворит за наследник на Клоп

Тренерот на Феенорд, Арне Слот, е новиот фаворит за тренерската позиција во Ливерпул, прен…