Дома Фудбал Италија Вчерашната победа на Јувентус беше посебна за Пјаниќ

Вчерашната победа на Јувентус беше посебна за Пјаниќ

Јувентус во четврото коло од Серија А со потешкотии ја победи Верона со 2:1 и тоа по пресврт.

Гостите одиграа одличен натпревар, со оглед на прикажаното не заслужија да загубат, но на крајот пресуди квалитетот кој беше на страната на Јуве. Во продолжението прилика за игра доби Пјаниќ за кого синоќешниот натпревар не беше обичен.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Имено, Пјаниќ синоќа стигна до 100. победа во дресот на Јувентус во сите натпреварувања. Босанецот е во Торино од 2016. година и во меѓувреме стекна репутација како еден од најдобрите играчи за врска во светот.

За тој период освои три Скудета и два купа на Италија, но и загуби финале во ЛШ во 2017. година. Дресот на најтрофејниот италијански клуб до сега го облече 140 пати и постигна 19 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Балкански фудбал: Во ВИП ложата се степаа управите на двата клуба 🎥

Црногорскиот фудбал не е на некое завидно ниво, а доказ за тоа е и последната сцена од нат…