Во пресрет на драматичната и дискутабилна завршница во Загреб на мечот против Словенија и Германија, селекторот на репрезентацијата на Словенија, не сакаше да зборува многу, но одговори на она за што сите беа збунети.
Имено, во последните секунди од мечот, Словенија дојде до победнички погодок, но по ВАР технологијата, судиите одлучија Благотиншек да заработи црвен картон, а Германија да има завршен удар од седум метри.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На прес конференцијата, Вујовиќ подоцна ја објасни ситуацијата во која во еден момент и тој се најде помеѓу стативите на паркетот.
„Зошто јас да не би можел да бранам како тренер? Зошто видео-технологија се употребува за измислен седмерец, а не претходно кога беше Кавтичник исклучен или кога нам не ни беше досуден пенал, па се диктираше текот на сите 60 минути? Зошто кога тие се за*баваат со нас и јас да не се за**авам со нив. Овој спорт е смешен затоа што го водат дебили“, истакна Вујовиќ.