Дома Трансфер зона Вулверхемптон го сруши рекордот, а трансфер пазарот се уште не е отворен!

Вулверхемптон го сруши рекордот, а трансфер пазарот се уште не е отворен!

Напаѓачот Раул Хименес од денес и официјално е во сопственост на Вулверхемптон, соопшти англискиот клуб.

Мексиканскиот фудбалер денес потпиша договор до 2023 година со „волците“. Според англиските медиуми Вулверхемптон на Бенфика за неговиот потпис и платил 30 милиони фунти.


ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓


Тоа е рекордна трансферна сума во историјата на Вулверхемптон, а трансфер прозорецот се уште не е отворен.

Претходно, најскап играч во историјата на „волците“ беше Адама Траоре, за кого клубот му плати 18 милиони фунти на Мидлсборо.

Оваа сезона 27-годишниот Хименес запиша 37 настапи во сите натпреварувања, на кои постигна 15 гола и 8 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Анте Ребиќ се враќа во Серија А?

Хрватскиот фудбалер Анте Ребиќ од следната сезона би можел повторно да игра во Серија А. И…