Легендата на англискиот фудбал, Џејми Карагер смета дека Манчестер Јунајтед погрешил кога минатото лето го врати Кристиано Роналдо на „Олд Трафорд“.
Карагер смета дека квалитетот на Португалецот не е спорен, но дека Манчестер јунајтед не треба да го задржат во клубот по завршувањето на сезоната.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Секако дека никој не го оспорува неговиот квалитет. Непроценлив беше неговиот придонес во победата над Брајтон. Повторно видовме и каква страст има кон фудбалот. Сепак тоа не може да ја смени реалноста. Јунајтед се наоѓа во фаза на формирање на нов тим, челниците направија грешка кога го вратија Роналдо“.
„Ќе направат уште поголема грешка доколку го задржат за наредната сезона. Што и да се случува, дали Јунајтед ќе победи или ќе биде поразен, дали Роналдо ќе постигне гол или ќе прекине голгетерски пост и понатаму многу повеќе се зборува за брендот „КР7“, а недоволно се зборува за тимот“, смета Карагер.