Дома Фудбал Англија Во што се претвори култниот стадион во Премиер лигата?

Во што се претвори култниот стадион во Премиер лигата?

Фудбалските фанови со неверување гледаат кон Бирмингем и култниот стадион Вила Парк, каде што се фрлени 7.000 тони земја.

Вила Парк, стадионот на Астон Вила, каде се одиграа некои од најголемите натпревари во историјата на англиската Премиер лига, изгледа речиси непрепознатливо откако на теренот беа истурени 7000 тони земја.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Иако навивачите на Астон Вила на почетокот беа загрижени, тие не треба да се грижат. Вила Парк е избрана да биде домаќин на Британското Суперкрос Гран При каде 40 возачи ќе се натпреваруваат за награден фонд од 250.000 долари.

А подготовките за саботниот настан веќе се во тек, па на стадионот влегоа 350 камиони за да го претворат теренот во земја.

„Горди сме што сме домаќини на Британското ГП на WSX бидејќи овој возбудлив спорт се шири низ целиот свет“, рече директорот на Астон Вила Никола Ибетсон во декември минатата година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

За спектакуларната кореографија против Лил Звезда заработи казна!

Европската фудбалска федерација донесе одлука за казнување на Црвена ѕвезда поради случува…