Дома Трансфер зона Во Челзи на лето ќе има распродажба

Во Челзи на лето ќе има распродажба


Македонија - Малта: Ни треба победа и тоа не каква било, туку газење треба!↓↓↓



Челзи беше „крал“ на зимскиот преоден рок и потроши неверојатни 300 милиони евра за нови засилувања.

Со новите засилувања „сините“ и официјално ја започнаа реконструкцијата на тимот, замина Жоржињо, а Челзи е спремен на лето да продаде уште неколку ѕвезди.

Англиските медиуми пишуваат дека Челзи ќе продаде дури 11 фудбалери, а меѓу нив се Каи Хаверц, Рахим Стерлинг, Кристијан Пулишиќ, Бен Чилвел, Матео Ковачиќ, Хаким Зијех, Пјер-Емерик Обамејанг, Цезар Аспиликуета, Конор Галагер, Рубен Лофтус-Чик и Армандо Броја.

Лондонскиот гигант претходно се засили со неколку фудбалери, меѓу кои беа Енцо Фернандез, Мудрик, Фофана, Кукурела, Стерлинг и други, а на нивните трансфери новиот газда Боели потроши над 600 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Миланско дерби за новиот италијански репрезентативец

Македонија - Малта: Ни треба победа и тоа не каква било, туку газење треба!↓↓↓ Миланските …