Дома Фудбал Италија Во Торино е „жешко“: Алегри пред отказ!

Во Торино е „жешко“: Алегри пред отказ!

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри се наоѓа пред отказ.

Како што пишува „Corriere dello Sport“, Алегри имал жесток судир со претседателот на клубот Андреа Ањели и сега тој сериозно размислува да му даде отказ. Алегри е изложен на критики по поразот од Атлетико Мадрид (2:0) во Лигата на Шампионите. Очекуваше повеќе поддршка, која не ја доби, а сега е во сериозни проблеми по конфликтот со претседателот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Истиот извор тврди дека и Ањели размислува да му даде отказ и пред крајот на сезоната. Тоа би можело да се случи доколку Јуве не успее да го надомести заостатокот против Атлетико во реваншот и тоа би можело да биде поселдниот натпревар на Алегри на клупата на „Старата дама“.

Алегри го превзеде Јувентус во 2014. година. Освои четири титули шампион на Италија и практично ја обезбеди и петтата. Меѓутоа, неуспехот во Европа, изгубените две финалиња во Лигата на Шампионите и евентуално испаѓање од Атлетико на крајот би можеле да му пресудат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ливерпул ќе излезе на пазарот – Опцијата е една

И покрај потрошените 450.000.000 евра во текот на летото, Ливерпул, изгледа, ќе мора допол…