Дома Фудбал Останато Во Србија започнува изградбата на стадионот од 257 милиони евра 🎥

Во Србија започнува изградбата на стадионот од 257 милиони евра 🎥

Во ноември минатата година беше најавена и презентирана идејата за изградба на нов стадион во Србија, а сега ќе започне реализацијата на таквиот проект.

Новиот стадион кај нашиот сосед ќе се гради во општината Сурчин и во близина на аеродромот „Никола Тесла“. Прогнозите се дека ќе биде завршен во 2025 година и тогаш бисе одиграле првите натпревари на него.

Идејата е да го користат само националните селекции на Србија. Во склоп на него ќе има и трговски центар, музеј на репрезентацијата, фудбалска академија…Очекувањата се изградбата да чини 257 милиони евра, а капациетот да биде околу 55.000 гледачи.

Нормално, ќе ги исполнува сите стандарди на УЕФА и на него ќе може да се играат натпревари како што се финале во Лигата на шампионите или Европски и Светски првенства.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Рангник ја носи ѕвездата на Лајпциг на „Олд Трафорд

Манчестер Јунајтед покажува сериозен интерес за напаѓачот на Лајпциг, Кристофер Нкунку, пр…