Дома Фудбал Во Сосиедад сметаат дека против Барса биле оштетени: Таков очигледен офсајд мораше да се прегледа (ФОТО)

Во Сосиедад сметаат дека против Барса биле оштетени: Таков очигледен офсајд мораше да се прегледа (ФОТО)


Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓



Барселона вчера во рамките од 33-тото коло од шпанската Ла Лига триумфираше против Реал Сосиедад со 2:1.

Ленглет и Алба донесоа победа на Каталонците која ги доведе на чекор од титулата, а после натпреварот со Сосиедад стигнаа обвинувања на сметка на главниот судија.

Голманот на баскискиот тим Рули смета дека вториот гол на Барселона, оној на Алба требало да биде поништен поради недозволена позиција.

Алба шутираше и постигна погодок, но прашање е дали неговиот соиграч му сметаше на голманот Рули и дали влијаел на целата ситуација.

„Судијата барем од почит требаше да ја погледне снимката. Не може таков очигледен офсајд да не се прегледа кога се има таква можност“, изјави Рули.

https://youtu.be/jIrC0Jb_97c

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Французите тврдат: ПСЖ го избра наследникот на Галтие!

Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓ Кристоф Галтие заминува од клупата на ПСЖ, голем бр…