Дома Фудбал Италија Во Парма изминатата ноќ не се спиеше: Илјадници навивачите ги дочекаа хероите – во два часот по полноќ! (Видео)

Во Парма изминатата ноќ не се спиеше: Илјадници навивачите ги дочекаа хероите – во два часот по полноќ! (Видео)

Фудбалерите на Парма успеаа да се вратат во Серија А откако пред неколку години беа исфрлени дури во Серија Д.

Парма во вчерашното последно коло од италијанската Серија Б ја совлада Специја со 2:0 и така поради ремито на Фросиноне со Фоџа обезбеди директен пласман во најсилната италијанска конкуренција.

Откако Парма успеа да се врати онаму каде што припаѓа на улиците на овој град настана вистинска еуфорија. Навивачите на Парма се собраа во центарот на градот да ги пречекаат своите херои.

Иако автобусот со играчите на Парма стигна дури околу два часот по полноќ играчите на овој клуб сигурно останаа без текст кога ги пречекаа неколку илјади навивачи кои го славеа големиот успех.

Славјето на играчите и навивачите на Парма траеше се до раните утрински часови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Наполи со нови сили против Виљареал во ЛШ

Наполи со засилено средиште ќе се соочи со Виљареал во Лигата на шампионите, каде што Гилм…