Легендарниот рели возач Кен Блок го загуби животот возејќи моторна санка во американската држава Јута.




Според информациите на локалните медиуми Болк ја возел санката по голема стрмина и во еден момент изгубил контрола. 55-годишниот Блок таму бил со своите пријатели, но во моментот на несреќата немало никој со него.




Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Тој беше познат како голем вљубеник на екстремните спортови и покрај релито се натпреваруваше и во скејтбординг, сноубординг и мотокрос трки по тешки терени.




Имаше успех во професионалната ВРЦ кариера каде што два пати завршуваше на подиумот, а стана интернет сензација со видеата во кои демонстрираше возачки вештини како дрифтинг и возење по екстромно тешки и опасни услови.



