Дома Останати Кошарка НБА Во НБА ќе има нов шампион: Јокиќ и Денвер елиминирани!

Во НБА ќе има нов шампион: Јокиќ и Денвер елиминирани!

НБА лигата ќе добие нов шампион, ова стана јасно откако изминатата вечер Минесота го совлада Денвер со 90:98 во седмиот натпревар од полуфиналната серија на Западната конференција.

Некаде на почетокот на второто полувреме Денвер водеше со 20 поени разлика (58:38), но Минесота многу брзо ја анулираше предноста и се врати во игра.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


До крајот на третиот период успеаа да намалат на само еден поен негатива (67:66), додека во последната четвртина гостите целосно ја преземаа резултатската контрола.

Најефикасен кај Денвер беше Мареј со 34 поени, потоа следеше Јокиќ со дабл-дабл од 34 поени, 19 скокови и седум асистенции. Во редовите на Минесота се истакна МекДениелс со 23 поени и шест скокови, додека Таунс ја заврши средбата со 23 поени и 12 скокови.

Во вториот натпревар Индијана Пејсерс се пласираше во финалето на Источната конференција на НБА лигата, откако со 4-3 го победија Њујорк Никс во „Медисон Сквер Гарден“ со резултат 109-130.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Познати паровите за плеј-оф битките и четвртфиналето во Лигата на Нации

Во Лигата на Нации денеска беше одржана ждребката за плеј-оф битките за промоција и опстан…