Дома Трансфер зона Во Мадрид нема место за него, но Наполи го доведува за да ја нападне титулата?

Во Мадрид нема место за него, но Наполи го доведува за да ја нападне титулата?

napolo

Време е за враќање во Серија А.

Фудбалските клубови Наполи и Атлетико би можеле да направат интересна зимска работа. Како што пренесува „Gazeta delo Sport“, Наполи ќе се обиде да го доведе Шиме Врсаљко од Атлетико, бидејќи Диего Симеоне и не му дава многу шанси на хрватскиот репрезентативец.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Наполи е во постојани преговори со неговиот агент Џузепе Рисо, а Италијанците се подготвени да платат 20 милиони евра за трансферот. Иако тоа е пет милиони помалку од она што го бара Атлетико, сепак Наполи и понатаму ќе биде сигурен кандидат за потписот на Хрватот, бидејќи Јувентус и Рома само ја нудат опцијата позајмица до крајот на сезоната.

Наводно, Наполи веќе испратил понуда до Мадрид, па се шпекулира дека Врсаљко би можел да биде првото големо зимско засилување на Апенините.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барса се вклучи во трката за колумбиската ѕвезда

Левандовски ја игра последната година во Барселона, па раководството на каталонскиот гиган…