Дома Фудбал Останато Во Италија покажан првиот зелен картон

Во Италија покажан првиот зелен картон

Познато е дека во фудбалот играчите на теренот добиваат жолти и црвени картони за неспортски однесувања, а во вторникот на еден натпревар во италијанската Серија Б, судијата покажа зелен картон.

Фудбалерот на Виченца Кристијан Галано влезе во историјата како првиот играч кој добил зелен картон, како фудбалер кој на теренот покажал најмногу фер плеј.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


На мечот помеѓу Виртус Ентела и Виченца, Галано, на помошниот судија му призна дека погрешно досудил корнер во корист на неговата екипа.

Зелениот картон минатата година е воведен во Серија Б, а оваа сезона прв пат беше употребен.

Целта на овој картон, за разлика од жолтиот и црвениот е да ги промовира позитивните фудбалски вредности и фер плејот. На крајот од сезоната играчот кој ќе добие најмногу зелени картони ќе биде награден

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Фернандеш предизвика потрес на Островот: Манчестер јунајтед сакаше да си заминам!

Капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, отворено зборуваше по нерешениот натпрев…