Дома Фудбал Италија Во Италија немало голови? Серија А поефикасна од Ла Лига, Премиер лига и Бундеслига!

Во Италија немало голови? Серија А поефикасна од Ла Лига, Премиер лига и Бундеслига!

Италијанската лига од поодамна важи за првенство во кое најмногу внимание се посветува на одбраната меѓутоа во последните годините ситуацијата се менува, а доказ за тоа е и последната сезона.

Во сезоната која штотуку заврши во Серија А се постигнале 1154 голови или во просек 3.04 по натпревар. Со овој статистички показател италијанското првенство е помеѓу најефикасните.

Овој број на голови на е четврт најголем во историјата на лигата. Единствено повеќе голови се постигнале пред околу 70 години во сезоната 1949/50 (1265 голови), 1947/48 (1200 голови) и 1950/51 (1192 голови).

За споредба во сезонава во Премиер лигата се постигнаа 1034 голови, во Бундесигата 982, а во Ла Лига 942.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ливерпул лесно го доби дербито со Арсенал 🎥

Фудбалерите на Ливерпул остварија победа во 3.коло од Премиер лигата против Арсенал со 3:1…