Дома Фудбал Италија Во Интер играше со Роналдо, Сидорф и Пирло, а денес преживува со пекарство и носење дрва

Во Интер играше со Роналдо, Сидорф и Пирло, а денес преживува со пекарство и носење дрва

Фудбалот покрај славата на играчите им носи и голема заработка и во него имаме многу примери кои не знаеле како да се носат со огромната заработка, па за брзо време изгубиле се што имале.

Еден таков пример е поранешниот италијански дефанзивец Фабио Мачелари. Овој лев бек најголем дел од кариерата помина играјќи за Лече и Каљари, меѓутоа беше дел од страшната генерација на Интер во 2001 година кога ја делеше соблекувалната со играчи како Роналдо, Пирло, Сидорф…

Славата за жал лошо влијаела на него и денес место неговото семејство да нема финансиски грижи, тој мора да го издржува на начин на кој во минатото не ни претпоставувал дека ќе има потреба.

Мачелари гостуваше на италијанската „Медијасет“ и откри дека поради парите тргнал по лоши патишта и само семејството му помогнало да се врати на вистинскиот пат. Денес тој работи во пекара, а за дополнителен приход и сече дрва.

„Постојано излегував на ноќни забави, па утрото доцнев на тренинзите. Станав зависник и парите брзо ги изгубив. Трошев толку многу што еден просечен човек не би потрошил ниту за четири животи. За среќа имав поддршка од семејството кое ми помогна да сфатам дека грешам и да излезам на вистинскиот пат. Денес работам во пекара и кога можам сечам дрва за дополнителен приход“, искрено зборуваше Мачелари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Халанд не може да поверува каква “ѕверка” тренира во Дортмунд

Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Халанд имаше само пофални зборови за младиот фудбалер на о…