Дома Фудбал Останато Во Барселона беше вишок, а сега воодушеви во новиот клуб

Во Барселона беше вишок, а сега воодушеви во новиот клуб

Шпанскиот напаѓач, Феран Јутгло на крајот на минатата сезона ја напушти Барселона и одлучи да потпише за Клуб Бриж.

Овој 23-годишен напаѓач минатата сезона неочекувано доби шанса во првата екипа на Барселона откако Чави беше избран за нов тренер и ги воодушеви навивачите со неколку одлични натпревари.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Меѓутоа беше јасно дека тешко ќе се избори за место покрај Обамејанг, подоцна и Депај се опорави од повреда. Така полека го изгуби местото во првиот тим и до крајот на сезоната повеќе играше за Барса Б, поради тоа летово се одлучи да ја промени средината.

За нов клуб го избра Клуб Бриж и уште на почетокот покажа дека ќе биде одлично засилување. На шест натпревари во белгиската лига постигна пет голови и запиша две асистенции и покажа дека Бриж со него доби одлично засилување.

Вчера на гостински терен Бриж славеше со 3:1 против Чарлерои, а токму Јутгло постигна два гола. Вториот негов гол беше вистинска мајсторија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Проблем за Реал, заврши сезоната за Карвахал

Реал Мадрид скапо ја плати победата над Виљареал од 2-0, откако во самиот финиш од мечот т…