Дома Топ вести Војната на гигантите продолжува: Лапорта обвини, Реал му возврати – кој е навистина клуб на режимот?!

Војната на гигантите продолжува: Лапорта обвини, Реал му возврати – кој е навистина клуб на режимот?!

Во овој период шпанските гиганти Реал Мадрид и Барселона се во вистинска војна.

Додека Барселона се уште обвинувана поради случајот „Негреира“, претседателот на каталонскиот гигант, Жоан Лапорта изјави дека во минатото Реал Мадрид имал помош од судиите.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Ќе потенцирам еден клуб, клубот е Реал Мадрид. Историски гледано тие секогаш биле фаворизирани и биле клуб на режимот. Ќе ве потсетам дека преку 70 години луѓето кои ги одредуваа судиите биле директори или членови во Реал Мадрид. Максимален цинизам е тоа што Реал Мадрид се претставува како жртва на спортска корупција“, гласеше изјавата на Лапорта.

Од Реал Мадрид не оставија да не одговарат на овие изјави, па на своите официјални социјални мрежи објавија видео. Во видеото се потенцира поврзаноста на Барселона со режимот на Франко и бенифитте кои ги имал овој клуб во тој период.

„Барсаелона доби златен и дијамантски беџ од Франко. Барселона го именуваше Франко за почесен партнер во 1965 година. Клубот трипати беше спасуван од банкрот од Франко“, се зборува во еден дел од видеото.

Исто така се потенцира дека во режимот на Франко Барселона освоила осум титули во првенството и девет купови, а на Реал Мадрид од тој период му требале 15 години да ја освои лигата.

Тука и се поставува прашањето: „Кој е навистина клуб на режимот?“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…