Новиот англиски премиерлигаш Волверхемптон е активен на фудбалскиот пазар.
„Волците“ имаат намера во следната сезона да имаат важна улога во Премиер лигата и интензивно работаат на зајакнување на играчкиот кадар, а откако што во клубот пристигна Патрик Кутроне, договорен е уште еден трансфер.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Информациите од Островот говорат дека Волвс ќе го купи и 22-годишниот Франк Кеси на кој новиот тренер на Милан не смета, а од другата страна фудбалерот од Брегот на Слоновата коска ја прифатил можноста да заигра во Премиер лигата.
Дека Кеси е пред трансфер потврди и италијанскиот новинар Педула, според кого Милан прифатил понуда тешка 25 милиони евра, а до крајот на работата останаа уште овој играч да ги договори личните услови. Во претходната сезона Кеси за Милан одигра 34 натпревари во првенството и притоа постигна седум гола со три асистенции.