Дома Македонски спорт Мак фудбал Влеговме во серија: Нова голема победа на Македонија

Влеговме во серија: Нова голема победа на Македонија

Македонската фудбалска репрезентација ја совлада вечерва Ерменија во Ереван со 2-0 и со трите бодови се зацврсти на првото место во групата.

 Првото полувреме беше проблематично за нашиот тим, бидејќи Ерменија имаше шанси и иницијатива, а ние воопшто не бевме опасни, иако постигнавме гол кој беше поништен.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Македонија воспостави контрола врз играта на средина на вториот дел, а откако Дарко Велковски пропушти идеална шанса за гол по слободниот удар на Енис Барди во 70 минута, Миовски набрзо донесе водство, а Алими стави печат на победата.

Македонија се зацврсти на првото место во групата 4 во Ц-дивизијата со 10 бодови, но теоретски не го осигура пласманот во Б-дивизијата, бидејќи во ноември не очекуваат уште два натпревари. Во Скопје ги пречекуваме Летонија и Фарски Острови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…