Дома Фудбал Останато Властите одговорија на повикот да го извлечеат авионот со кој леташе Сала

Властите одговорија на повикот да го извлечеат авионот со кој леташе Сала

Новата потрага која започна со собраните средства од фудбалскиот свет (300.000 евра) вроди со плод, авионот со кој леташе Емилијано Сала беше пронајден под вода.

Човекот кој ја предводеше потрагата, Дејвид Мернс побара од властите да започнат со извлекување на авионот од дното.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Денес стигна одговорот и од спасувачките служби, тие потврдија дека ќе го извлечат авионот кога условите ќе им дозволуваат.

„Во овие моменти работиме со подморницата и го истражуваме теренот. Сега не можеме да ви дадеме точен одговор кога авионот ќе биде извлечен“, соопштија од службите.

Нема сомневање дека извлекувањето на авионот и прегледувањето на остатоците ќе даде дополнителни одговори што се случувало, па поради тоа и е толку важно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Од Саудиска Арабија понудиле 300 милиони за три години на Хари Кејн

Саудискиот Ал-Хилал му понудил на напаѓачот на Баерн Минхен Хари Кејн богат договор од 100…