Дома Фудбал Англија Вистински хаос: Вилшер синоќешната тепачка ја продолжил и во тунелот (Видео)

Вистински хаос: Вилшер синоќешната тепачка ја продолжил и во тунелот (Видео)

Некогашната надеж на Арсенал, Џек Вилшер беше во центарот на вниманието на синоќешниот меч на резервниот тим на лондонскиот клуб против Манчестер Сити.

Вилшер одлучи ова лето да остане во Арсенал и се обиде да се избори за своја минутажа во екипата на Арсен Венгер. Сепак, тренерот на „Топчиите“ одлучи дека за Вилшер е подобро да одигра неколку натпревари за резервниот тим на клубот, се со цел да се врати во форма.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Овој 25-годишен играч за врска играше синоќа против Манчестер Сити, но направи хаос на теренот. Имено, Вилшер влезе во вербална и физичка расправија со Смит, откако играчот на Сити грубо стартуваше на него.

На обајцата, судијата директно им покажа црвени картони и мораа порано да заминат. Иако се веруваше дека овој судир е завршен на теренот, тоа не беше така бидејќи Вилшер и Смит продолжија и во тунелто кога играчот на Арсенал повторно тргнал во акција.

Погледнете дел од ситуацијата

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…