Англиските медиуми тврдат дека во зимскиот преоден рок може да се случи уште еден голем трансфер на релација Челзи – Манчестер Јунајтед.
Имено, Бразилецот Вилијан не е задоволен од својот статус и малата минутажа која ја добива во Челзи, а таквата ситуација сака да ја искористи Мурињо и да го донесе на „Олд Трафорд“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Специјалниот“ исклучително ги почитува квалитетите на Вилијан и додека тој го предводеше Челзи, Бразилецот беше еден од најважните играчи во тимот.
Според најавите на англиските медиуми Мурињо е спремен да плати околу 30 милиони фунти, бидејќи во Вилијан гледа идеална замена за Михтарјан, кој оваа сезона е во лоша форма и на излезна врата од „Олд Трафорд“.