Дома Фудбал Вилата на Кафу од 7,5 милиони евра на аукција. Може да ја продаде на половина цена поради долгови

Вилата на Кафу од 7,5 милиони евра на аукција. Може да ја продаде на половина цена поради долгови

Бразилскиот суд нареди имотот на поранешниот фудбалер Кафу (53) да биде ставен на аукција за да се подмири долгот.

Имено, поранешниот капитен на Бразил ќе ја даде на аукција својата луксузна вила која вреди околу 7,5 милиони евра. Доколку не се продаде за време на лицитацијата на 4 април, цената на вилата ќе стане двојно пониска.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Вилата има седум ката, а целиот имот се простира на 2.500 квадратни метри. Вклучени се шест луксузни апартмани, фудбалско игралиште, кино, сауна, соба за трофеи и многу други. Кафу на државата и должи околу два милиони евра, а проблемите траат веќе пет години. Кафу води правна битка откако неговата менаџерска агенција Penta International Player банкротираше.

Се се случило по трагичната смрт на неговиот син и разводот со сопругата. Кафу во својата кариера настапуваше за Сао Паоло, Реал Сарагоса, Хувентуде, Палмеирас, Рома и Милан. За Бразил играше 142 пати и постигна пет гола, а двапати беше светски првак.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Две асистенции на Гулер, проектил од Родриго и нов кикс на Реал во меч со шест голови (Видео)

Фудбалерите на Реал Мадрид играат многу ефикасни натпревари оваа сезона, но често им изост…