Дома Топ вести Видете како Реал одговори на барањата од Мбапе: Нека ти е среќно во Париз!

Видете како Реал одговори на барањата од Мбапе: Нека ти е среќно во Париз!

Килијан Мбапе, најдобриот млад напаѓач во светот, се сели во ПСЖ за висока оштета на Монако, дури 180 милиони евра.

Најдобриот катарски клуб, во само десет дена го доведе најскапиот играч во светот, Нејмар за 222 милиони евра, а сега носи и негов партнер во нападот. Ал Тани фрла неограничено богатство за во Париз да создаде, ако не најдобар, тогаш сигурно најгламурозен и најскап клуб на планетата.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


При тоа имаат ред на победи на пазарот и тоа над оние кои не можат да ги добијат на теренот. Бидејќи никој не очекуваше Нејмар да ја напушти Барселона откако потпиша нов договор.

Мбапе со месеци беше во центарот на борбата помеѓу Реал и Сити, но се појави ПСЖ и им се потсмевна на овие богаташи со тоа што го реши трансферот за едно попладне преговори

Но, тоа беше договор на ПСЖ, Монако и таткото на Мбапе. Синот отворено сакаше во Реал, дури тоа да значеше и борба за местото во тимот со BBC и Иско, додека во Париз го чека гарантиран статус првотимец.

Затоа, по постигнвање на договор за неговиот транфсер во ПСЖ, го повика Флорентино Перез, надевајќи се дека ќе понуди исто колку и ПСЖ, а Мбапе во тој случај би заминал во Реал.

Но, човекот кој купи неколку генерации на Реал и ова лето го заведуваше Мбапе со пораки, а на состанокот во Париз, вака му одговори: „Ти честитам и ти посакувам среќа во ПСЖ“.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…