Дома Останати Кошарка НБА Видео: Јута со брејк го изненади фаворизираниот Хјустон!

Видео: Јута со брејк го изненади фаворизираниот Хјустон!

Кошаркарите на Јута Џез направија големо изненадување откако го победија Хјустон на домашен терен со 116-108 и ја израмнија полуфиналната серија на 1:1.

„Џезерите“ подобро го започнаа натпреварот, имаа константна предност, која на средината на втората четвртина стигна и до максинални +19. Хјустон се разбудија дури во продолжението, па во последната четвртина се приближија на само еден поен заостаток.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Сепак, играчите на Јута имаа доволно сила да ја одржат предноста до крај и да остварат сензационална победа.

Јута до победа ја водеше Инглс со 27 поени, додека кај Рокетс беа расположени само двајца играчи. Харден, кој оствари дабл-дабл учинок и Пол со 23 поени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Македонска гордост: Даниела Алексоска со брз финиш славеше на „Армада 14“ (Видео)

Македонската ММА натпреварувачка Даниела Алексовска со стил стигна до голема победа на нас…