Дома Фудбал Англија Видео: Јаја Туре се простуваше од „Итихад“, а Сити го изненади со специјален гостин

Видео: Јаја Туре се простуваше од „Итихад“, а Сити го изненади со специјален гостин

Играчот за врска на Манчестер Сити, Јаја Туре вчера го одигра последниот натпревар во дресот на „граѓаните“ на „Итихад“.

Јаја на крајот на оваа сезона го напушти Манчестер Сити, а со оглед на тоа дека „граѓаните“ во последното коло играат на гостински терен, пред почетокот на вчерашниот натпревар му подготвија церемонија на која се простија од својот долгогодишен играч.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


При церемонијата „граѓаните“ му приредија вистинско изненадување на Туре. Специјален гостин беше – неговиот брат Коло.

Да потсетиме, тие двајца своевремено заедно го носеа дресот на овој куб, а навивачите не го заборавија тоа, па при излегувањето ги испратија со песната посветена на нив двајца.

Јаја секако беше воодушевен кога го виде својот брат и срдечно се поздравија. Коло Туре боите на Манчестер Сити ги бранеше од 2009 до 2013 година и за тоа време одигра 82 натпревари и постигна два погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …