Дома Останати Кошарка ВИДЕО: Тешко на новинарите со ваков Јокиќ, едвај му извлекоа збор-два

ВИДЕО: Тешко на новинарите со ваков Јокиќ, едвај му извлекоа збор-два

Изгледа работите се променија после казната од 25.000 долари.

Резултатската криза на Денвер се поклопи со проблемот во кој се најде Никола Јокиќ со навредите на сметка на Вендел Картер Жуниор.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Српскиот центар беше казнет со 25.000 долари од страна на НБА лигата, после што неговиот однос со новинарите драстично се промени. Одговорите му се сведени на збор-два, а тоа беше забележително и во неговото последно интервју во кое новинарите едвај му извлекоа неколку збора.

Го запрашаа за четирите порази во низа за Денвер.

„Не го знам одговорот на тоа прашање“.

За слабата трета четвртина против Хјустон

„Не игравме добро, а тие погодуваа“.

За крај го запрашаа дали е задоволен со шутевите кои ги избира.

„Ќе шутирам секогаш кога ќе имам шанса“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Денвер пушти ѕвезда од 100 милиони, па го врати кошаркар со кој Јокиќ освои шампионски прстен

Денвер Нагетс го трејдуваа Мајкл Портер Јуниор и пик на првиот круг (2032) за Кем Џонсон. …