Дома Фудбал (Видео) СТУДЕН ТУШ во Мадрид – Санабрија погоди во финишот, Реал на колена, Барса +7!

(Видео) СТУДЕН ТУШ во Мадрид – Санабрија погоди во финишот, Реал на колена, Барса +7!

После 73 натпревари на кои постигнуваа погодоци, фудбалерите на Реал Мадрид денес не постигнаа гол во натпреварот против Бетис и не само што не постигнаа тие запишаа пораз од 0:1.

Екипата од Андалузија на сите можни начини се обидуваше да го успори темпото на натпреварот, а на крајот тоа и им успеа, стигнаа дури и до победа.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Можеше Бетис да поведе уште на стартот преку Санабрија, но неговиот удар беше изблокиран. Модриќ и Иско се закануваа на другата стран, но Адан беше присебен.

Бејл и Карвахал во второто полувреме имаа свои шанси, но напаѓачите преводени од Роналдо денес не беа ефикасни. На другата страна во 90 минута, Санабрија ја погодува мрежата на домаќините, но „Бернабеу“ можеше да воздивне, напаѓачот на гостите беше во офсајд позиција.

Веќе во следната минута Реал пропушти огромна шанса преку Мајорал, а потоа ШОК во Мадрид, Санабрија го користи нафлувањето на Барагана и овој пат не беше во офсајд, Реал Мадрид – Реал Бетис 0:1!

После овој пораз на „кралевите“, Барселона ја зголеми предноста на седум бода.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид ќе го обнови договорот на Браим Дијаз

Реал Мадрид постигна договор за продолжување на договорот со офанзивниот играч за врска Бр…