Српскиот голман Ѓорѓе Петровиќ ја доби можноста на кариерата, а тој на вистински начин ја искорисити и се најде на насловните страници ширум светот.
Српскиот голман го предводеше Челзи до полуфиналето на Лига купот откако успеа да го победи Њукасл по изведувањето пенали со 5:4 (1:1).
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во четвртото изведување пенали успеа да го измами Мет Ричи. Со рака покажа на едната страна, а потоа реши да ја покрие другата страна.
Ричи тој пенал го изведе силно, но не доволно прецизно, па Петровиќ можеше да слави.
🇷🇸Djordje Petrovic saves Matt Ritchie's penalty to send Chelsea through to the Carabao Cup semi-final with a shootout win over Newcastle.
— Sam Street (@samstreetwrites) December 19, 2023
He's done his chances of sneaking a place in the Serbia team to face England at Euro 2024 no harm.pic.twitter.com/VXjFuatQwa
„Многу тежок натпревар, кога ќе примите таков гол… Но, ние верувавме во себе, во нашиот дел од работата, игравме до последен момент, бевме трпеливи, морам да му се заблагодарам на целиот тим. – изјави Петровиќ по натпреварот.