Најголемата недела во кариерата, најдобриот фудбалер во светот ја круниса победата на Португалија над Латвија (3:0) во квалификациите за СП со два гола и една аситенција.
Но, еден гест на Роналдо на крајот од натпреварот, му донесе повеќе симпатии отколку освоениот трофеј во ЛШ.
На почетокот на судиското продолжение на одамна решениот натпревар, едно дете од десет години се втрча на теренот само за да го прегрне својот идол.
Роналдо, како и сите на стадионот и оние кои го гледаа натпреварот на телевизија, останаа воодушеени од непознатиот гостин на центарот на теренот, но реагираше за секоја пофалба.
Срдечно го прегрна детето со двете раце и потоа му ја извади капата од глава и на шега му ја стави наопаку.
Јасно, набрзо пристигнаа чуварите, кои од Роналдо го одвлекоја детето, а детето кога го носеа кон трибините, разочарано гледаше кон новиот пријател од кого го оддалечија.