Дома Топ вести Видео: Резултат по „мерка“ на Барса – Реми во Мадрид

Видео: Резултат по „мерка“ на Барса – Реми во Мадрид

Големото дерби во Мадрид заврши со најнепопуларниот резултат.

Атлетико Мадрид во рамките од 12 коло во шпанската Примера го пречека градскиот ривал, а на крајот резултатот гласеше 0:0.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Далеку од тоа дека не беше интересно на „Ванда Метрополитано“. „Јорганџиите“ имаа прилика да стигна до водство уште во четвртата мината преку Кореа кој излезе сам пред голот на Касиља, но не успеа да погоди.

За нова прилика се чекаше до 32 минута кога Кристиано Роналдо го проигра Крос кој шутираше, но топката заврши покрај левиот дирек од голот на домаќините. Три минути подоцна Роналдо се обиде од слободен удар од голема одалченост, но Облак беше на висина на задачата.

Во вториот дел беше далеку помирно, Реал беше подобриот противник, но Атлетико успешно се бранеше. Добра прилика во последните минути од средбата имаше Кристиано Роналдо, но еден од дефанзивециите на „јорганџиите“ во последен момент со лизгачки старт ја отстрани опасноста.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Клаузула во договорот на Мурињо ги отвора вратите кон Реал Мадрид

ЖОЗЕ МУРИЊО има клаузула во договорот со Бенфика која може да го направи достапен уште ова…