Шпанија и Русија одиграа возбудлив натпревар, кој заврши без победник после 120 минути, па патникот во четвртфиналето беше одлучен со изведување на пенали.
Натпреварот започна одлично за Шпанија која брзо дојде до водство. После еден центаршут на Асенсио, стоперот на „Зборнаја“ Игнашевич влезе во боречки зафат со Серхио Рамос, но топката од неговата нога заврши во голот за водство на „црвената фурија“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа пред крајот на првото полувреме, Пике несмасно играше со рака во казнетиот простор. Судијата Кјуперс покажа на белата точка, а сигурен реализатор беше Џуба.
Pique’s handball which resulted in a Russia penalty.#ESPRUS #WorldCup #ESP #RUS pic.twitter.com/HYzCLLUMxo
— FIFA World Cup (@WorIdCupUpdates) July 1, 2018
Шпанија во второто полувреме се обидуваше со сите сили да дојде до водство, но Русија одлично се бранеше. Најзрелата шанса ја имаше Иниеста во 90-та минута, но неговиот удар го одбрани Акинфеев.
Во продолженијата „црвената фурија“ главно го имаше поседот, но не создаде зрела шанса, па на крај одлучуваше пенал рулетот.
Русија беше поуспешна и ќе патува во четвртфиналето. Трагичари за Шпанија беа Коке, кој промаши во третата серија и Аспас во 5-та серија. Двата удар ги одбрани голманот Акинфеев.